Почетна » Новости » Актуелно » Д-р Ирена Андонова: Кога, како и зошто хистероскопија?

Д-р Ирена Андонова: Кога, како и зошто хистероскопија?

Гинеколошката интервенција – хистероскопија е микроинвазивна процедура за решавање на голем број гинеколошки заболувања. Со директна визуелизација на шуплината на матката со помош на камера, можеме да решиме многу проблеми кои ги засегнуваат жените, а за кои предходно беше потребен класичен опертивен зафат.

Интимно

Абнормалното крварење од матката е симптом кој постои кај 40% од жените кои доаѓаат во гинеколошките ординации. Некои од нив се третираат со хормонска терапија, но кај голем дел постои потреба за дијагностичка и терапевтска хистероскопска постапка. Истата се спроведува микроинвазивно со еднодневна хирургија и минимален период на опоравување. Денес многу жени чии професионални обврски наложуваат брзо да се вратат на работа, бараат алтернативни модалитети за замена на класичната хирургија и хистероскопијата е се почест избор за решавање на нивните проблеми.

Опертивната хистероскопија е златен стандард за: отстранување на полипи од шуплината на матката, миоми кои се видливи во внатрешноста на матката, горење на слузницата на матката, која ја користиме кај жени кои завршиле со репродукција, и кои имаат обилни менструации кои пак доведуваат до анемија и општа слабост, како алтернатива за вадењето на матката.

Покрај оваа примена на хистероскопијата, денес таа има голем удел при третирање на пациентките со стерилитет. Со примена на хистероскопијата се решаваат проблеми како аномалии на утерус, како и преграда на матка со ресекција на истата.

Денес хистеророскопската хирургија има значајно место во секојдневната гинеколошка пракса носејќи со себе голем напредок во третманот на жените.

Медицина

Д-р сци. Ирена Андонова
Специјалист по гинекологија и акушерство
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Во „Жан Митрев Клиника“ на располагање ви се најмодерните гинеколошки техники кои ги изведуваат искусни гинеколози. За да закажете термин за преглед, јавете се во контакт центарот на 02/3091-484.

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.