Откако синоќа привлекоа најголемо внимание на црвениот тепих на премиерата на „No Time To Die“, војвотката Кетрин и принцот Вилијам денеска ја започнаа кралската турнеја во Северна Ирска.
Парот го посети кампусот на Ulster University каде се релаксираше во зоолошка градина за интеракција со животни. 39-годишната Војвотка држеше во рацете тарантула која го има истото име како и нејзината ќерка Шарлот, додека британскиот Принц си поигра со змија.
Пурпурниот костум на Кетрин доаѓа од ателјето на Емилија Викстед.
Во текот на истиот ден, кралската двојка се сретна со членови на рагби клуб и се вклучи во спортски активности, па соодветно на тоа, го промени стајлингот.