Венко Филипче од денес прес-конференциите ќе ги одржува од неговиот дом. Министерот за здравство ќе информира за најновата состојба со коронавирусот во земјава.
Филипче е во домашна изолација, бидејќи беше во контакт со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој е позитивен на КОВИД-19.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се рекордни 107 случаи на заболени, излекувани се 23 и има еден смртен случај од коронавирусот.