Венко Филипче во моментов одржува прес-конференција. Министерот за здравство ќе информира за одлуките за претстојниот продолжен викенд.
ВИДЕО
Предлог на Комисијата за заразни болести е да се затворат градовите и општините Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Липково, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце од четврток од 21 часот до понеделник 5 часот наутро.
За останатите градови се предлага полициски час од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16:00 часот и да трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.