Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа направени се 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 новозаболени со КОВИД-19.
Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:
- Скопје - 75
- Куманово - 9
- Дебар - 6
- Штип - 8
- Прилеп - 6
- Тетово - 9
- Струга - 14
- Велес - 3
- Охрид - 10
- Кавадарци - 3
- Гостивар - 7
- Гевгелија - 2
- Струмица - 1
- Крушево - 1
- Кочани - 4
- Пробиштип - 1
- Валандово - 1
- Берово - 1
- Свети Николе - 6
- Кичево - 3
- Ресен - 3
Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64, 73 и 80 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.
Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти.
- Скопје 105
- Куманово 1
- Штип 7
- Тетово 12
- Струга 10
- Велес 1
- Охрид 4
- Гостивар 1
- Струмица 1
- Кочани 5
- Пробиштип 1
- Неготино 2
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 422
- Аеродром – 154
- Бутел – 162
- Гази Баба – 177
- Центар – 141
- Карпош – 160
- Сарај – 155
- Кисела Вода – 114
- Ѓорче Петров – 110
- Студеничани – 110
- Шуто Оризари – 88
- Арачиново – 51
- Илинден – 32
- Петровец – 17
- Чучер Сандево – 20
- Сопиште – 13
- Зелениково-4
- Странец – 2
Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556.