Во периодот од 15 до 28 септември, Веро организира „Денови на грчките вкусови“ во сите свои маркети. Со цел да ја приближи популарната грчка кујна до своите потрошувачи, Веро за овој период подготви специјални понуди, екстра попусти и неодоливи акции на традиционални и автентични грчки производи преку кои ќе го донесе медитеранскиот вкус на нивните трпези.
Во рамки на „Денови на грчките вкусови“, потрошувачите во Веро маркетите ќе уживаат во вкусовите на најразлични грчки пити приготвени по традиционални рецепти, врвни млечни производи од широките зелени пасишта, меѓу кои и најпопуларното фета сирење. Веро подготви и одлична понуда на маслиново масло кое ја сочинува основата на медитеранската исхрана, автентични маслинки од бескрајните маслинови насади во Грција, но и козметички производи со маслиново масло наменети за нега на кожата. Понудата е збогатена и со производи за приготвување на омиленото гиро, ароматични зачини од Медитеранот, како и со традиционално кафе и десерти без кои не може да се заокружи ниту еден оброк.
- По огромниот интерес за „Деновите на Франција“ што ги организиравме летово во Веро маркетите, одлучивме на нашите потрошувачи да им претставиме поблиску уште една врвна кујна – грчката. Подготвивме навистина примамливи понуди на традиционални, но и современи производи кои се дел од медитеранската кујна и кои го доловуваат автентичниот грчки вкус кој секогаш нѐ асоцира на море, уживање во животот и вкусната храна. Нашата понуда на вкусови од различи земји нема да застане тука бидејќи подготвуваме уште неколку вакви изненадувања за потрошувачите преку кои ќе им претставиме различни вкусови од целиот свет – вели Милана Петковски, одговорна за маркетинг одделот во Веро.
Настанот „Денови на грчките вкусови“ во Веро се организира со поддршка на канцеларијата за економски и трговски работи на грчката амбасада во Скопје, како и на партнерите на Веро.