Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.016 тестирања, а има 25 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 15
- Куманово 4
- Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница по 1
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (61г, 65г, 71г, 74г, 76г и 80г), 2 лица од Тетово (69г и 82г) и по 1 починато лице од Битола (85г), Охрид (79г), Куманово (55г), Кавадарци (83г), Гостивар (77г), Кичево (72г), Радовиш (62г) и Делчево (72г).
Регистрирани се 408 оздравени пациенти од:
- Скопје 160
- Прилеп 38
- Струмица 30
- Битола 28
- Охрид 25
- Куманово 15
- Штип и Струга по 13
- Велес, Кавадарци и Кочани по 9
- Свети Николе 8
- Виница 6
- Гевгелија и Неготино по 5
- Тетово, Гостивар и Дојран по 4
- Крива Паланка, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 3
- Кичево, Пробиштип, Крушево и Пехчево по 2
- Радовиш, Делчево и Демир Хисар по 1
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.