Во Битола се одржа 25-тото издание на детскиот фестивал Си-До. 24 талентирани ѕвездички блеснаа на сцената на Ракометното игралиште, по сите мерки и протоколи за заштита.
„Детска песна ечеше, одекна детски џагор и ракоплескање. Со многу музика и насмеани детски лица се одржа 25-тото јубилејно издание на најпопуларниот детски фестивал Си-До“ – изјави организаторот на фестивалот Дарко Шерденков.
Дваесетина учесници, кои едвај чекаа да излезат на сцена и да ги израдуваат сите присутни со своите изведби, беа дел од фестивалската сцена.
Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот во нашата држава, а особено на градот Битола, како и кај многу поклоници на овој вид музика, особено кај најмладите.
Детскиот музички фестивал Си-До веќе 25 години создава детски хитови, а со тие хитови израснаа многу генерации на деца.
Заедно ќе имаме уште многу вакви моменти за паметење, дотогаш останете во добро здравје, радувајте се и слушајте ги песничките од Си-До.
Подготовките околу Фестивалот се во текот на цела година. Следна активност ќе биде аудицијата за учесниците која ќе започне во месец октомври.