Во Битола се одржа 27-то издание на детскиот фестивал Си-До. 23 талентирани ѕвездички блеснаа на сцената на Центарот за култура во Битола.
На овогодинешното издание на СИ ДО, нетрпеливо чекаа учесниците да настапат со нивните песнички на сцена и раскажуваа колку се возбудени и колку е убаво искуството да се биде дел од СИ-ДО.
Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот во нашата држава а посебно на градот Битола, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.
„Сите генерации се собраа на едно место, се почувствува еуфоријата и радоста на многу мили деца. Детска песна ечеше, одекна детски џагор и ракоплескање. Со многу музика и насмеани детски лица се одржа 27то издание на најпопуларниот детски фестивал Си-До“ – изјави организаторот на фестивалот Дарко Шерденков.
Подготовките околу Фестивалот се во текот на цела година. Сите активности на фестивалот можете да ги следите на профилите на социјалните мрежи на детскиот фестивал СИ-ДО.
Детскиот музички фестивал Си-До веќе 27 години создава детски хитови, а со тие хитови израснаа многу генерации на деца.
Заедно ќе имаме уште многу вакви моменти за паметење, дотогаш останете во добро здравје, радувајте се и слушајте ги песничките од Си-До