Почетна » Новости » Занимливости » Музичка еуфорија: Во Битола се одржа 26-тото издание на детскиот фестивал СИ-ДО

Музичка еуфорија: Во Битола се одржа 26-тото издание на детскиот фестивал СИ-ДО

Се одржа 26-тото издание на детскиот музички фестивал СИ-ДО, се почувствува еуфоријата и радоста на многу мили деца во салата на Центарот за култура Битола и повторно одекна детскиот џагор и детската песна во Градот на конзулите.

Си-До

Со препознатливата за сите генерации песничка „Си до, до ре ми“, започна и годинешното 26-то по ред издание на детскиот фестивал Си-До. Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот на градот, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

Си-До

На годинешното издание беа изведени 19 нови песни, од кои две од гости од соседните држави Србија и Бугарија, кои го збогатија репертоарот. Песните се од различни жанрови, изведени од деца од различни возрасни групи, а сите дечиња ќе може да ги слушаат на социјалните мрежи и медиумите.

Си-До

Наредни активности ќе има и во летниот период со летен концерт, а исто така наесен ќе биде аудицијата на која ќе можат да се пријават сите талентирани деца кои сакаат да бидат дел од овај прекрасен детски настан.

СИ-ДО за сите деца!

Си-До

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.