Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ го формира првиот инклузивен градски хор.
Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Оли, Ники, Бети, Даре и Коста пред неколку дена го имаа првиот настап во Скопје.
„Неправда“, „Не стој Доне, Донке“, „Чукни во дрво“ и „Лидуду“ беа дел од песните кои ги пееше хорот за да ја зголеми свеста и да се бори за нивна инклузија.
„Без оглед на разликите, сите сме исти. И сите имаме иста цел во животот. Во месецот на љубовта, среќата, насмевките, успеавме да ги надминеме предрасудите и да го формираме ПРВИОТ ИНКЛУЗИВЕН ГРАДСКИ ХОР и покажавме дека музиката е една од основните алатки за инклузија во општеството. Ние од ТРИСОМИЈА 21 со ментор Билјана Димитрова свириме, пееме, танцуваме, даруваме љуов, а со песната ви ја топлиме душата, го тoпиме секое срце и изнудуваме громогласен аплауз“ – пишуваат на официјалниот Facebook профил од Здружението.