Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.616 тестирања, а има 908 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 367
- Битола 71
- Куманово 64
- Прилеп 49
- Штип 40
- Велес и Охрид по 39
- Тетово 38
- Струмица 24
- Гостивар 21
- Кичево 19
- Кочани 18
- Кавадарци 16
- Гевгелија 14
- Свети Николе и Виница по 11
- Крива Паланка и Дебар по 10
- Неготино 9
- Струга 8
- Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци по 4
- Ресен и Делчево по 3
- Радовиш, Крушево и Кратово по 2
- Демир Хисар и Македонски Брод по 1
Пријавено е 31 починато лице: 11 од Скопје (89г, 84г, 76г, 75г, 72г, 72г, 70г, 68г, 62г, 51г, 48г), по 4 од Прилеп (87г, 83г, 82г, 68г) и Кичево (81г, 70г, 60г, 59г), 3 од Битола (68г, 62г, 61г ), по 2 од Тетово (80г и 60г) и Охрид (84г и 80г), по 1 починат од Велес (82г), Кавадарци (82г), Струга (76 г), Свети Николе (88 г) и Македонски Брод (73г).
Регистрирани се 732 оздравени пациенти од:
- Скопје 339
- Куманово и Прилеп по 56
- Битола 43
- Велес 37
- Тетово 35
- Гостивар 29
- Штип 25
- Кочани и Кичево по 16
- Берово 15
- Гевгелија 14
- Ресен, Радовиш и Пробиштип по 7
- Виница 6
- Струмица и Свети Николе по 5
- Крива Паланка 4
- Валандово 3
- Делчево 2
- Крушево, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082.