Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направено е 3.171 тестирање, а има 766 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 252
- Битола 80
- Куманово 64
- Прилеп 41
- Велес 36
- Струмица 33
- Штип 28
- Тетово 27
- Гостивар, Кавадарци и Охрид по 26
- Кочани 23
- Кичево и Гевгелија по 13
- Струга 12
- Свети Николе и Радовиш по 10
- Крива Паланка и Виница по 6
- Неготино 5
- Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар по 4
- Берово 3
- Ресен, Делчево и Пехчево по 2
- Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица по 1
Пријавено е 31 починато лице: 8 од Скопје (70г, 71г , 76г, 76г, 78г, 79г, 80г, 80г), 4 починати лица од Битола (58г, 64г, 79г и 84г), 3 од Куманово (48г, 74г и 68г), по 2 лица од Гевгелија (68г и 73г), Кавадарци (69г и 80г) и Кочани (71г и 73г) и по едно лице од Велес (76г), Струга (74г), Гостивар (61г), Дебар (78г), Кичево (66г), Охрид (71г), Прилеп (81г), Струмица (59г), Тетово (61г) и Штип (66г).
Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти од:
- Скопје 519
- Битола 101
- Куманово 87
- Прилеп 65
- Велес 54
- Струмица 48
- Тетово 43
- Гевгелија 30
- Кичево 26
- Штип 24
- Кочани 21
- Дебар 15
- Гостивар 14
- Свети Николе и Виница по 9
- Ресен и Радовиш по 8
- Берово 7
- Дојран 6
- Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Кратово по 4
- Македонски Брод 3
- Валандово 2
- Охрид, Демир Капија и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.