Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.418 тестирања, а има 7 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 7
Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41г, 54г, 58г, 79г, 81г, 84г и 86г), по 3 лица од Тетово (69г, 72г и 81г) и Гостивар (68г, 68г и 77г), 2 лица од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).
Регистриран е 71 оздравен пациент од:
- Скопје – 18
- Куманово – 15
- Битола – 8
- Велес – 4
- Штип, Кочани и Пробиштип по 3
- Кичево, Радовиш, Делчево и Виница по 2
- Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.