Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.169 тестирања, а има 67 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 28
- Куманово 8
- Гостивар и Охрид по 4
- Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип по 3
- Струга, Кичево и Ресен по 2
- Свети Николе и Кратово по 1
Пријавено е вкупно 31 починато лице: 9 од Скопје (42г, 64г, 68г, 68г, 72г, 73г, 77г, 77г, 86г), 4 починати лица од Тетово (66г, 73г, 75г ,78г), 3 починати лица од Велес (64г, 72г, 73г), по 2 починати лица од Битола (43г, 68г), Охрид (45г, 87г), Струга (54г, 64г) и Берово (43г, 82г) и по 1 починато лице од Куманово (59г), Прилеп (70г), Кавадарци (82г), Кочани (63г), Радовиш(60г), Виница (67г) и Пробиштип(71г). Од починатите, 28 се во болнички, а 3 во домашни услови.
Регистрирани се 782 оздравени пациенти од:
- Скопје 267
- Струмица 151
- Кавадарци 54
- Прилеп 43
- Битола 40
- Куманово 29
- Валандово 23
- Штип 22
- Неготино 15
- Велес и Охрид по 14
- Кочани 13
- Крива Паланка 12
- Виница 11
- Тетово и Гевгелија по 9
- Свети Николе и Делчево по 8
- Гостивар 7
- Кичево и Пробиштип по 5
- Демир Капија 4
- Радовиш, Крушево и Македонска Каменица по 3
- Богданци и Кратово по 2
- Струга, Ресен, Берово, Македонски Брод, Пехчево и Дојран по 1
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.