Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 572 тестирања, а има 62 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 32
- Прилеп и Штип по 7
- Куманово 5
- Струмица 4
- Кавадарци 3
- Велес, Кочани, Кичево и Виница по 1
Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје (69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г).
Регистрирани се 398 оздравени пациенти од:
- Скопје 161
- Куманово 48
- Битола 42
- Кочани 24
- Велес 22
- Штип 16
- Берово 13
- Гостивар 12
- Струмица и Гевгелија по 10
- Кичево 7
- Тетово 6
- Свети Николе и Дебар по 5
- Ресен, Пробиштип, Валандово и Богданци по 3
- Радовиш 2
- Прилеп, Охрид и Пехчево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.