Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие е направено 2.691 тестирање, а има 53 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 29
- Прилеп – 7
- Куманово – 4
- Битола, Гостивар, Охрид и Кичево по 2
- Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово по 1
Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г, 63г, 68г, 81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г, 74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г).
Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:
- Скопје – 48
- Прилеп – 10
- Куманово, Битола и Радовиш по 8
- Кичево – 7
- Дебар – 5
- Штип – 3
- Кавадарци и Ресен по 2
- Тетово, Кочани, Валандово, Струмица, Свети Николе, Виница, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.