Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.060 тестирања, а има 51 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 28
- Тетово – 5
- Битола и Виница по 3
- Прилеп, Кочани и Кичево по 2
- Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица по 1
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г, 67г, 70г, 73г, 77г, 84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).
Регистрирани се 84 оздравени пациенти од:
- Скопје – 46
- Куманово – 7
- Битола – 5
- Прилеп, Гостивар и Делчево по 3
- Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево по 2
- Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.