Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.955 тестирања, а има 50 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 27
- Куманово – 5
- Прилеп – 4
- Гостивар – 3
- Тетово, Велес, Штип и Кичево по 2
- Струмица, Гевгелија и Виница по 1
Пријавени се вкупно 18 починати лица: 8 лица од Скопје (63г, 67г, 69г, 72г, 72г, 77г, 80г, 88г), 3 лица од Тетово (75г, 76г, 78г), 2 лица од Битола (84г, 88г) и по едно лица од Прилеп (68г) Кавадарци (79г), Кочани (74г), Радовиш (80г) и Дебар (55г).
Регистриран е 81 оздравен пациент од:
- Скопје – 34
- Прилеп – 9
- Струмица – 7
- Куманово – 6
- Штип, Кочани и Крушево по 4
- Радовиш и Пробиштип по 3
- Велес и Кичево по 2
- Свети Николе, Делчево и Виница по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449.