Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.533 тестирања, а има 50 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 26
- Битола – 7
- Куманово – 6
- Прилеп, Охрид и Струга по 2
- Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово по 1
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г, 77г, 84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г, 62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).
Регистрирани се 133 оздравени пациенти од:
- Скопје – 58
- Куманово и Прилеп по 10
- Виница – 8
- Струмица – 6
- Охрид, Штип и Радовиш по 5
- Велес – 4
- Гостивар, Кичево и Свети Николе по 3
- Битола, Кочани и Кавадарци по 2
- Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.