Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.593 тестирања, а има 47 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 19
- Тетово – 11
- Куманово – 6
- Битола – 3
- Прилеп, Струмица и Валандово по 2
- Велес и Гостивар по 1
Нема починати, а регистрирани сe 14 оздравени пациенти од:
- Скопје – 7
- Тетово – 5
- Прилеп и Струмица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359.