Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.487 тестирања, а има 46 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 27
- Куманово – 8
- Охрид и Струга – по 2
- Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево по 1
Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г, 57г, 64г, 85г, 91г, 91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).
Регистрирани се 89 оздравени пациенти од:
- Скопје – 51
- Куманово – 9
- Кочани, Струмица и Радовиш по 3
- Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен по 2
- Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.