Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.210 тестирања, а има 444 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 187
- Куманово – 37
- Kрива Паланка – 22
- Штип – 20
- Велес и Кавадарци – по 19
- Битола – 17
- Тетово и Кочани – по 16
- Прилеп – 15
- Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9
- Неготино и Ресен – по 7
- Берово – 5
- Свети Николе – 4
- Кичево, Радовиш и Пробиштип – по 3
- Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2
- Виница, Пехчево и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 2 од Скопје (56г и 46г) и по едно од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Струмица и по едно од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 225 оздравени пациенти од:
- Скопје – 158
- Куманово – 14
- Битола – 8
- Велес – 7
- Гевгелија – 6
- Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4
- Штип и Пробиштип – по 3
- Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2
- Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395.