Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.732 тестирања, а има 436 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 203
- Битола – 24
- Куманово и Кавадарци – по 22
- Велес и Штип – по 21
- Прилеп – 19
- Кочани – 16
- Тетово – 12
- Пробиштип – 9
- Охрид – 8
- Неготино и Свети Николе – по 6
- Кичево, Крива Паланка и Делчево - по 5
- Струмица и Берово - по 4
- Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3
- Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар - по 2
- Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 3 од Скопје (66г, 69г и 86г) и по едно од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивар по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.
Регистриран e 321 оздравен пациент од:
- Скопје – 145
- Куманово – 32
- Штип и Прилеп – по 20
- Велес – 17
- Кочани – 14
- Кавадарци – 12
- Битола – 9
- Крива Паланка – 8
- Струмица – 6
- Кичево и Гевгелија – по 5
- Тетово и Кратово – по 4
- Пробиштип – 3
- Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци – по 2
- Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499.