Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.900 тестирања, а има 421 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 211
- Куманово – 32
- Штип – 26
- Велес – 25
- Кавадарци – 19
- Кочани – 15
- Прилеп – 13
- Охрид – 12
- Македонска Каменица – 9
- Гевгелија – 7
- Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6
- Свети Николе – 5
- Гостивар – 4
- Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3
- Кратово и Богданци – по 2
- Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 8 лица: 3 од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г) Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените, 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од:
- Скопје – 220
- Куманово – 31
- Струмица – 20
- Охрид и Тетово – по 14
- Кочани – 12
- Битола – 10
- Штип, Велес и Кавадарци – по 9
- Кратово – 7
- Кичево – 6
- Гевгелија и Крива Паланка – по 5
- Гостивар и Пробиштип – по 4
- Прилеп и Богданци – по 3
- Неготино и Пехчево – по 2
- Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963 бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.