Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.567 тестирања, а има 412 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 207
- Куманово – 34
- Велес - 26
- Битола – 18
- Кочани – 16
- Кичево – 15
- Прилеп -14
- Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10
- Радовиш – 6
- Штип и Свети Николе – по 5
- Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4
- Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3
- Валандово – 2
- Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 12 лица: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 од Кочани (66г, 63г) и по едно од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените, 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од:
- Скопје – 266
- Куманово – 36
- Велес – 25
- Прилеп и Охрид – по 18
- Битола – 14
- Штип – 11
- Кавадарци и Радовиш – по 10
- Кочани – 9
- Крива Паланка – 6
- Тетово, Свети Николе и Виница – по 5
- Гевгелија – 4
- Пробиштип и Кратово - по 3
- Гостивар, Кичево и Струга – по 2
- Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.