Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.149 тестирања, а има 406 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 184
- Куманово – 31
- Штип – 23
- Велес – 19
- Битола – 17
- Кавадарци – 13
- Свети Николе и Крива Паланка – по 12
- Прилеп и Гевгелија – по 11
- Кочани – 10
- Струмица – 9
- Кратово – 7
- Тетово, Охрид и Струга – по 6
- Виница – 5
- Демир Хисар – 4
- Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3
- Делчево и Пробиштип – по 2
- Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 12 лица: 6 од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 од Битола (63г и 80г) и по едно од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 03.10.2021 година. Четири лица се од Скопје и по едно од Тетово и Струмица, на возраст од 59 до 89 години. Од нив, 4 се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од:
- Скопје – 223
- Охрид – 48
- Куманово – 23
- Струга – 13
- Кавадарци и Струмица – по 11
- Битола – 10
- Радовиш – 6
- Крива Паланка и Тетово – по 5
- Велес, Гевгелија и Кичево – по 4
- Штип и Гостивар – по 3
- Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2
- Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458 бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819.