Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.337 тестирања, а има 399 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 197
- Куманово – 49
- Тетово – 15
- Кочани – 14
- Битола – 13
- Кавадарци – 11
- Велес и Крива Паланка – по 10
- Струмица – 8
- Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6
- Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5
- Прилеп – 4
- Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3
- Неготино, Свети Николе и Виница – по 2
- Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г). Од пријавените, 16 се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од нив, 3 се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.
Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од:
- Скопје – 419
- Струга – 196
- Охрид – 144
- Куманово – 87
- Тетово – 71
- Кичево – 45
- Струмица – 43
- Гостивар и Дебар – по 42
- Велес – 41
- Прилеп – 37
- Кавадарци – 34
- Битола – 26
- Штип и Свети Николе – по 16
- Ресен – 14
- Радовиш – 13
- Кочани и Гевгелија – по 11
- Виница – 8
- Кратово и Делчево – по 6
- Валандово – 5
- Пробиштип и Неготино – по 3
- Берово и Демир Хисар – по 2
- Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.