Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.839 тестирања, а има 39 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 14
- Скопје – 12
- Гостивар – 5
- Куманово – 4
- Кичево – 2
- Битола и Валандово по 1
Нема починати, а регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:
- Тетово – 6
- Скопје, Гостивар и Дебар по 2
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.