Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.791 тестирања, а има 386 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 205
- Куманово – 25
- Битола – 18
- Велес и Штип – по 16
- Крива Паланка – 15
- Струмица – 11
- Охрид – 10
- Тетово и Прилеп – по 9
- Свети Николе – 8
- Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6
- Валандово – 5
- Кавадраци и Радовиш – по 4
- Пробиштип и Кратово – по 3
- Виница и Македонска Каменица – по 2
- Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 8 лица: 5 од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г) и по едно од Куманово (84г), Кавадарци(62г) и Македонски Брод (53г). Седум се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените, 4 се починати во болнички услови и 4 во домашни услови.
Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од:
- Скопје – 313
- Куманово – 37
- Штип – 22
- Кавадарци – 18
- Велес – 15
- Битола и Струмица – по 13
- Тетово и Прилеп – по 12
- Охрид – 9
- Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7
- Кочани – 6
- Гевгелија – 5
- Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4
- Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3
- Крушево – 2
- Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.231 бројката на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а бројот на активни случаи изнесува 10.625.