Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.264 тестирања, а има 37 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 13
- Скопје – 12
- Велес – 3
- Гостивар, Прилеп и Струмица по 2
- Охрид, Свети Николе и Делчево по 1
Нема починати, а регистрирани сe 10 оздравени пациенти од:
- Скопје – 5
- Кичево – 2
- Тетово, Струмица и Берово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.