Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.045 тестирања, а има 329 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 178
- Велес – 27
- Куманово – 20
- Прилеп – 16
- Штип – 13
- Струмица – 10
- Охрид – 9
- Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8
- Битола – 7
- Кочани и Гевгелија – по 5
- Свети Николе – 3
- Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2
- Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица: 6 од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г, 69г и 68г), 3 од Велес (86г, 72г и 57г) и по едно од Прилеп (57г), Тетово (64г), Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86 години. Од нив, 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 200 оздравени пациенти од:
- Скопје – 103
- Куманово – 15
- Битола – 12
- Штип – 11
- Велес и Прилеп – по 9
- Крива Паланка – 7
- Кичево – 6
- Кочани и Свети Николе – по 5
- Кавадарци – 4
- Берово – 3
- Радовиш, Кратово и Богданци – по 2
- Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091 бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924.