Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.362 тестирања, а има 314 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 143
- Куманово 30
- Битола 18
- Велес 16
- Струмица 15
- Прилеп 14
- Штип и Охрид по 9
- Тетово и Ресен по 8
- Кочани и Гевгелија по 6
- Кавадарци и Виница по 5
- Гостивар и Кичево по 4
- Свети Николе и Струга по 3
- Берово и Пробиштип по 2
- Делчево, Богданци, Крушево и Демир Хисар по 1
Пријавени се вкупно 27 починати лица: 8 од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г), 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г ), по 2 починати лица од Куманово (65г и 75г), Струмица (65г и 82г) и Крива Паланка (65г и 75г), по едно лице од Тетово (80г), Велес (74г), Кавадарци (64г), Струга (72г), Кочани (80г), Свети Николе (70г), Дебар (73г) и Демир Хисар (91г).
Регистрирани се 557 оздравени пациенти од:
- Скопје 275
- Битола 52
- Куманово 49
- Велес 28
- Прилеп 25
- Тетово 21
- Гостивар и Кочани по 19
- Струмица 13
- Свети Николе 12
- Кичево 8
- Гевгелија и Валандово по 6
- Пробиштип 5
- Берово 4
- Богданци и Кратово по 3
- Македонски Брод 2
- Струга, Неготино, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево и Демир Хисар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 709.457 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.