Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.133 тестирања, а има 24 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 5
- Скопје – 6
- Куманово – 3
- Кичево и Прилеп по 2
- Охрид, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар по 1
Нема починати, а регистрирани сe 6 оздравени пациенти од:
- Скопје – 4
- Тетово и Струмица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078 бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310.