Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.276 тестирања, а има 214 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 94
- Куманово 29
- Тетово 19
- Прилеп и Виница по 7
- Охрид 6
- Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе по 5
- Штип и Струмица по 4
- Битола, Кавадарци, Струга и Кичево по 3
- Гостивар, Радовиш и Богданци по 2
- Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по 1
Пријавени се вкупно 36 починати лица: 11 од Скопје (63г, 65г, 65г, 68г, 70г, 71г, 72г, 75г, 76г, 79г и 86г), 5 лица од Битола (52г, 60г, 66г, 68г и 70г), 3 лица од Куманово (68г, 79г и 84г) по 2 лица од Тетово (76г и 82г), Велес (58г и 71г), Гостивар (73г и 74г), Кавадарци (70г и 75г), Струмица (64г и 78г) и Гевгелија (60г и 68г), и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (87г), Струга (46г), Кочани (82г) и Кичево (68г). Пријавени се 14 пациенти кои се починати во период од 01-17.04.2021.
Регистрирани се 305 оздравени пациенти од:
- Скопје 105
- Куманово 39
- Прилеп 27
- Велес 19
- Битола 17
- Тетово 15
- Кочани 14
- Охрид 13
- Кичево 12
- Штип 9
- Струмица 6
- Валандово 5
- Гостивар 4
- Струга, Гевгелија и Свети Николе по 3
- Кавадарци, Крушево и Пехчево по 2
- Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.