Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.219 тестирања, а има 21 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 8
- Тетово – 4
- Куманово и Гостивар по 3
- Кавадарци, Кичево и Кочани по 1
Како последица на КОВИД-19 почина пацеинт од Скопје на 56-годишна возраст.
Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од:
- Тетово – 8
- Скопје – 5
- Гостивар – 1
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.951, бројката на оздравени пациенти е 150.237, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 226.