Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.108 тестирања, а има 198 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 76
- Куманово 25
- Битола 11
- Прилеп 10
- Тетово 9
- Кичево 7
- Струга и Радовиш по 6
- Велес, Охрид, Штип и Струмица по 5
- Виница 4
- Неготино, Ресен и Берово по 3
- Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица по 2
- Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово по 1
Пријавени се вкупно 12 починати лица: 6 од Скопје (48г, 62г, 69г, 75г, 78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево (37г). Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани се 333 оздравени пациенти од:
- Скопје 139
- Охрид 43
- Куманово 24
- Струмица 20
- Струга 14
- Прилеп 13
- Битола 12
- Велес 10
- Тетово, Кочани и Кичево по 7
- Кавадарци и Штип по 5
- Гевгелија и Неготино по 4
- Гостивар, Виница, Богданци и Македонски Брод по 3
- Свети Николе и Делчево по 2
- Пробиштип, Валандово и Пехчево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.