Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие направени се 1.971 тестирања, а се потврдени 188 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 44
- Куманово – 21
- Дебар – 1
- Штип – 18
- Тетово – 24
- Струга – 21
- Велес – 1
- Битола – 5
- Охрид – 6
- Кавадарци – 3
- Гостивар – 23
- Крива Паланка – 1
- Кочани – 1
- Пробиштип – 2
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 3
- Ресен – 1
- Неготино – 2
- Кичево – 10
Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од:
- Скопје – 105
- Куманово – 23
- Дебар – 2
- Штип – 1
- Прилеп – 1
- Тетово – 41
- Струга – 22
- Велес – 5
- Битола – 3
- Охрид – 19
- Гостивар – 12
- Радовиш – 1
- Пробиштип – 3
- Демир Хисар – 1
- Св.Николе – 12
- Кичево – 13
- Ресен – 4
Досега во земјата се направени вкупно 99.615 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 257
- Аеродром – 193
- Бутел – 125
- Гази Баба – 177
- Центар – 150
- Карпош – 158
- Сарај – 104
- Кисела Вода – 177
- Ѓорче Петров – 120
- Студеничани – 82
- Шуто Оризари – 127
- Арачиново – 36
- Илинден – 26
- Петровец – 19
- Чучер Сандево – 12
- Сопиште – 21
- Зелениково – 8
- Странец – 7
- Нераспределен – 4
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.503, бројката на оздравени пациенти е 5.931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096.