Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.357 тестирања, а има 171 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 58
- Куманово 16
- Битола и Радовиш по 9
- Виница 8
- Кочани и Кичево по 7
- Прилеп, Охрид и Штип по 6
- Велес и Струмица по 5
- Тетово, Гостивар и Ресен по 4
- Кавадарци 3
- Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица по 2
- Делчево, Пробиштип, Крушево и Демир Хисар по 1
Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36г, 56г, 63г, 64г, 71г, 76г, 78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г, 65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г), Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г).
Регистрирани се 409 оздравени пациенти од:
- Скопје 171
- Прилеп 39
- Куманово 37
- Битола 36
- Тетово 15
- Велес 13
- Гостивар 12
- Кичево 11
- Штип 10
- Струмица 9
- Кавадарци и Радовиш по 8
- Крива Паланка 6
- Охрид и Кочани по 5
- Виница и Демир Хисар по 4
- Дебар и Пробиштип по 3
- Неготино, Ресен и Богданци по 2
- Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево по 1
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.