Почетна » Новости » Актуелно » 155 новозаразени, 127 оздравени и 2 починати од коронавирус во Македонија

155 новозаразени, 127 оздравени и 2 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 1.845 тестирања, а се потврдени 155 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 51
  • Куманово 11
  • Дебар 2
  • Штип 13
  • Прилеп 4
  • Тетово 10
  • Струга 3
  • Битола 1
  • Охрид 6
  • Кавадарци 14
  • Гостивар 22
  • Гевгелија 1
  • Пробиштип 1
  • Демир Хисар 4
  • Македонски Брод 5
  • Виница 2
  • Кичево 3
  • Неготино 2
Податоци

Починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од:

  • Скопје 40
  • Куманово 17
  • Штип 22
  • Прилеп 6
  • Велес 2
  • Битола 2
  • Гостивар 5
  • Радовиш 10
  • Крушево 1
  • Пробиштип 5
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 3
  • Кратово 1
  • Свети Николе 12

Досега во земјата се направени вкупно 111.791 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.554, бројката на оздравени пациенти е 7.607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.428.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.