Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.093 тестирања, а има 150 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 62
- Куманово 17
- Битола 8
- Штип 6
- Струмица, Ресен и Радовиш по 5
- Тетово и Кичево по 4
- Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница по 3
- Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево по 2
- Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица по 1
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (50г, 62г, 66г, 79г, 81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г).
Регистрирани се 487 оздравени пациенти од:
- Скопје 144
- Куманово 65
- Битола 33
- Прилеп и Охрид по 31
- Кавадарци 24
- Струмица 23
- Кичево 18
- Штип и Кочани по 13
- Велес и Струга по 9
- Тетово и Гостивар по 8
- Виница, Берово и Крива Паланка по 7
- Радовиш 6
- Дебар и Неготино по 5
- Пехчево 4
- Ресен и Гевгелија по 3
- Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Валандово по 2
- Богданци, Македонски Каменица и Демир Капија по 1
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.