Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.885 тестирања, а се потврдени 141 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 39
- Куманово – 10
- Штип – 23
- Прилеп – 1
- Тетово – 8
- Струга – 6
- Битола – 3
- Охрид – 2
- Гостивар – 13
- Крива Паланка – 2
- Кочани – 3
- Пробиштип – 1
- Демир Хисар – 3
- Македонски Брод – 3
- Берово – 1
- Виница – 3
- Кратово – 1
- Свети Николе – 1
- Кичево – 18
Почината е 51-годишна пациентка од Скопје во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од:
- Скопје 60
- Куманово 7
- Прилеп 4
- Тетово 3
- Струга 15
- Велес 1
- Охрид 3
- Кавадарци 7
- Гостивар 35
- Радовиш 1
- Крушево 2
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 1
- Кратово 2
- Свети Николе 13
- Кичево 5
- Ресен 1
Досега во земјата се направени вкупно 117.475 тестирања на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 1 пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 86 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројката на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306.