Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.489 тестирања, а има 14 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 10
- Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод по 1
Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61г, 76г, и 86г) и Гостивар (63г, 69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).
Регистрирани се 103 оздравени пациенти од:
- Скопје – 40
- Струмица – 8
- Куманово и Кавадарци по 7
- Охрид и Виница по 6
- Прилеп и Кратово по 4
- Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово по 3
- Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.