Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.514 тестирања, а има 135 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 91
- Куманово – 14
- Кавадарци – 7
- Струга – 4
- Прилеп – 3
- Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2
- Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: по 2 од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно од Македонска Каменица (82г), Охрид (80г), Прилеп (74г), Пробиштип (64г) и Штип (70г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 330 оздравени пациенти од:
- Скопје – 116
- Куманово – 28
- Велес – 23
- Прилеп – 15
- Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14
- Кавадарци и Битола – по 9
- Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6
- Кичево и Ресен – по 4
- Пробиштип – 3
- Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2
- Гостивар, Радовиш и Крушево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187.