Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.993 тестирања, а има 135 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 74
- Куманово 11
- Битола 7
- Виница 6
- Прилеп, Тетово и Струмица по 5
- Охрид и Пробиштип по 3
- Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш по 2
- Кавадраци, Струга, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Крушево по 11
Пријавени се вкупно 14 починати лица: 7 од Скопје (47г, 64г, 69г, 71г, 72г, 76г и 79г), 3 лица од Куманово (67г, 71г, и 85г), и по 1 починато лице од Битола (49г), Струмица (78г), Кичево (82г) и Крива Паланка (85г).
Регистрирани се 298 оздравени пациенти од:
- Скопје 119
- Куманово 31
- Битола 30
- Штип 16
- Струмица 14
- Велес 13
- Кочани 11
- Кичево 9
- Охрид 8
- Тетово и Виница по 5
- Гостивар, Струга, Свети Николе и Ресен по 4
- Радовиш, Валандово, Богданци и Демир Хисар по 3
- Гевгелија и Пехчево по 2
- Крива Паланка, Берово, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.