Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.843 тестирања, а има 130 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 88
- Кавдарци – 10
- Велес – 7
- Прилеп – 6
- Охрид и Крива Паланка – по 4
- Куманово и Битола – по 3
- Гостивар и Кичево – по 2
- Демир Хисар – 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 6 лица: 2 од Куманово (63г и 68г) и по едно од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од:
- Скопје – 246
- Куманово – 65
- Струмица – 18
- Штип – 11
- Прилеп и Охрид – по 9
- Тетово – 7
- Кавадарци и Кратово – по 6
- Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5
- Битола, Струга и Гевгелија – по 4
- Свети Николе и Пробиштип – по 3
- Виница – 2
- Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.