Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.410 тестирања, а има 121 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 33
- Куманово 8
- Штип 6
- Прилеп 2
- Тетово 6
- Струга 6
- Велес 3
- Битола 6
- Охрид 11
- Кавадарци 4
- Гостивар 4
- Гевгелија 3
- Струмица 3
- Крива Паланка 9
- Радовиш 1
- Крушево 1
- Кочани 5
- Македонски Брод 1
- Берово 1
- Валандово 1
- Виница 1
- Делчево 3
- Свети Николе 2
- Кичево 1
Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациенти од:
- Скопје 50
- Куманово 32
- Штип 7
- Прилеп 11
- Тетово 4
- Струга 4
- Велес 2
- Охрид 2
- Кавадарци 2
- Гостивар 12
- Гевгелија 1
- Струмица 2
- Радовиш 1
- Кочани 1
- Македонски Брод 1
- Берово 2
- Виница 2
- Делчево 2
- Кратово 1
- Свети Николе 1
- Кичево 2
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 2 мајки позитивни на КОВИД-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.414, бројката на оздравени пациенти е 12.896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.881.