Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.825 тестирања, а има 115 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 32
- Куманово 7
- Дебар 8
- Штип 14
- Прилеп 2
- Тетово 10
- Велес 2
- Охрид 3
- Гостивар 11
- Гевгелија 3
- Крива Паланка 3
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Берово 8
- Делчево 3
- Свети Николе 4
- Кичево 3

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од:
- Скопје 146
- Куманово 15
- Штип 5
- Прилеп 2
- Тетово 10
- Струга 1
- Битола 10
- Охрид 1
- Кавадарци 3
- Гостивар 10
- Струмица 6
- Радовиш 1
- Пробиштип 3
- Демир Хисар 3
- Валандово 1
- Виница 1
- Кичево 5
- Неготино 2
Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.308, бројката на оздравени пациенти е 9.977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.774.