Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.927 тестирања, а има 1.163 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 473
- Битола 100
- Куманово 90
- Прилеп 62
- Охрид 50
- Струмица 45
- Тетово 36
- Штип и Кичево по 32
- Велес 29
- Кавадарци 28
- Гостивар и Кочани по 27
- Гевгелија 22
- Струга и Свети Николе по 14
- Неготино и Радовиш по 12
- Ресен и Валандово по 11
- Виница 10
- Крива Паланка и Берово по 7
- Демир Капија и Демир Хисар по 3
- Делчево 2
- Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод по 1
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (39г, 63г, 65г, 75г, 76г, 77г, 79г), по 4 починати пациенти од Кавадарци (56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), 3 лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по 2 починати пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г), и по 1 починат пациент од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г).
Регистрирани се 854 оздравени пациенти од:
- Скопје 475
- Прилеп 52
- Велес 40
- Куманово 37
- Кавадарци 36
- Тетово 27
- Кочани 25
- Гостивар 23
- Неготино 22
- Берово 18
- Штип 16
- Крива Паланка 13
- Гевгелија 12
- Струмица и Свети Николе по 9
- Радовиш и Валандово по 8
- Виница 7
- Пробиштип 3
- Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица по 2
- Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.