Почетна » Забава » Хороскоп » Кинески хороскоп: Што ќе ви донесе Годината на Мајмунот?

Кинески хороскоп: Што ќе ви донесе Годината на Мајмунот?

Прославите за Кинеската Нова година на 8 февруари го означија и почетокот на Годината на Огнениот Мајмун, која ќе трае до 27 јануари 2017 година. Кинеската Нова година секогаш се совпаѓа со настапувањето на младата месечина во водолија (во западниот хороскоп). За Кинезите секоја година е поврзана со едно животно од зодијакот, како и со еден елемент. Оваа година тоа животно е мајмунот, а елементот е оган. Нашата среќна боја е црвената.

Кинески хороскоп

На 8 февруари самоувереноста и импулсивноста на огнот се соединија со веселоста, младешкиот дух, љубопитноста и инвентивноста на мајмунот.

Време е да се збогуваме со сигурноста, смиреноста и предвидливоста кои ни ја донесе изминатата Година на Козата и да се подготвиме за брзи, непредвидливи и активни 12 месеци, во кои сè е возможно ако вложите доволно самостојни напори за да го исполните. Можностите и инспирациите се насекаде. Големите соништа се на дофат. Оваа година ќе поттикне жестоки натпреварувања зашто секој ќе ита да ги постигне сопствените цели.

Мајмунот е интелигентно, досетливо и инвентивно животно, кое умее да решава проблеми, па ова е година каде агилните, инвентивните и смели личности ќе доживеат големи успеси. Време е за храбри чекори, пресметани ризици, акција и посветеност на реализирање на нашите идеи. Во Годината на Мајмунот најмногу ќе заостанат лицата кои се флегматични, кои бавно реагираат и кои не можат да се справат со стресот од брзиот начин на живот.

Годините на Мајмунот се познати по воведување ред во хаосот и пронаоѓање на нови решенија за постоечките светски проблеми. Мајмуните не се плашат да ги тестираат своите теории, да експериментираат и да мислат на незамисливото. Осмелете се да бидете различни од другите ако сакате да успеете, работете напорно и борете се за она што го заслужувате.

На љубовен план Мајмунот ќе ни ја зголеми комуникацијата и ќе ни помогне да ги пренесеме љубовните врски на повисоко ниво, а ако не сме во врска, да започнеме нова. Добрата смисла за хумор постојано ќе ни помага да внесуваме веселост во разговорите, иако претходно сме имале стресен работен ден. Само напред, експериментирајте во спалната, мајмунот има ум ослободен од ограничувања и вина.

Не заборавајте да го информирате вашиот партнер доколку планирате голем чекор на професионален план. Постои опасност за врската доколку едниот партнер премногу напредува за разлика од другиот. Напредувајте заедно. Колку повеќе заеднички нешта правите, толку поблиски ќе станувате.

Годината на Мајмунот ќе нè потсети дека нашето тело е создадено да биде активно и да се движи, па доколку сте биле физички неактивни, сега редовно ќе ја посетувате фитнес салата. Физичката активност дополнително ќе ни го намалува стресот. Годината на Мајмунот нè тера да бараме оригинални начини за да останеме здрави и силни.

Исто така, Годината на Мајмунот ќе нè потсети дека не треба да ги игнорираме здравствените проблеми, туку да преземеме чекори за да си го подобриме здравјето.

Кликнете тука за да дознаете кој е вашиот знак во кинески хороскоп »

Стаорец

Кинески хороскоп

Ви претстојат забавни, игриви и активни 12 месеци. Многу лица родени во овој знак ќе започнат свој бизнис, други ќе го кажат судбоносното „ДА“, а трети ќе ги соберат плодовите од трудот вложен во Годината на Козата.

Лесно ќе склопувате пријателства и ќе се поврзете длабоко со членовите од вашето семејство, кои конечно ќе ги видат нештата од ваш агол. Сепак внимавајте, во Годината на Мајмунот можно е да се судрите со роднина која не е во вашиот тим поради љубомора или завист.

Избегнувајте го преуморувањето и работењето до истоштување.

Љубов

Љубовта ќе ви биде силна страна во текот на 2016 година. Доколку минатата година започнавте да преземате чекори за да си ја вратите хармонијата во врската, почетокот на Годината на Мајмунот ќе ви ги даде посакуваните резултати. Одеднаш довербата и сочувството ќе станат карактеристични за вашите односи со партнерот, а страста постојано ќе биде присутна со спалната. Ова е одлична година за планирање бременост или за склучување брак.

Не сте во врска? Не за долго. Годината која доаѓа е идеална за создавање нови љубовни сојузи, но не и за преголеми ветувања на почетокот од врската. Преголемиот оптимизам можно е да ве натера да давате ветувања кои нема да можете да ги исполните. Најдобри партнери ќе пронајдете во родените на знаците Змеј, Свиња и Тигар.

Кариера

Мајмуните се активни, постојано во движење, но за разлика од вас, тие воопшто не се грижат за надмоќ. Па, лидерската позиција во 2016 година е слободна за вас. Тргнете кон водечкото место на важен проект, станете лидерот кој сите го обожаваат. Ќе ја имате наклонетоста на колегите.

Годината е одлична за започнување бизнис за родените во овој знак, но многу е важно да се избегнуваат преголемите ризици и ненадејни потези. Доколку сте во потрага по работа, постојано надградувајте го вашето знаење наместо да сметате дека е доволно она што сте го стекнале за време на вашето образование.

2016 година можно е да ви приреди неочекуван трошок, па гледајте постојано да имате заштеда и да ги избегнувате непотребните трошења.

Вол

Кинески хороскоп

Оставете ја зад себе непродуктивната Година на Козата во која вашиот потенцијал остана неискористен и прегрнете ја Годината на Мајмунот, која ќе ви донесе признанија, постигнувања и комплименти од влијателни личности. Ќе започнете да се качувате нагоре по скалилата кон успехот со помош на вистинските луѓе.

Оптимизмот ќе започне да цути во вас, а својот пик ќе го достигне во 2017 година. Сепак, можно е да бидете понервозни и под стрес оваа година затоа што вие сте личност која не сака да биде избрзувана, а мајмунот често ќе ве тера да го трчате својот пат со брзо темпо. Бидете пофлексибилни и во чекор со она што се случува околу вас доколку сакате да ја подобрите вашата репутација.

Претстојните 12 месеци ќе ви ги зацврстат врските со семејството, ќе ви го зголемат друштвениот круг, но и ќе ви понудат многу можности за подобрување на вашиот љубовен живот. За да ги искористите, потребно е да го отворите и вашиот ум и вашето срце.

Љубов

Страста ќе ве исполнува во Годината на Мајмунот и колку и да сакате да ја скриете зад маската на смиреноста, нема да успевате.

Доколку сте сингл, потенцијалните кандидати за врска ќе бидат насекаде околу вас. Слободно бидете пребирливи со кого го поминувате времето, а ако одлучите да влезете во љубовен сојуз, имајте на ум дека ново создадените врски имаат светла иднина. Најдобри партнери оваа година за вас се родените во знакот Змија.

Оние кои се во долготрајна врска или брак потребно е да поминуваат повеќе време со партнерот и да внесуваат страст во врската. Можни се недоразбирања меѓу вас и сопругот во текот на летните месеци. Клучот е во компромисот. Во некои врски ќе влета трета личност која ќе ја наруши хармонијата.

За вас ова не е баш најдобра година за склучување на брак.

Кариера

Вие секогаш неуморно работите за да ги исполните вашите цели, а тоа ќе ви донесе одлични резултати оваа година. Напорната работа е предуслов за успех во Годината на Мајмунот. Но, потребно е да не дозволите брзиот начин на живот да ве расее и да ве натера на мултитаскинг. Концентрирајте се на една задача и не преминувајте на друга додека не ја завршите.

Контактите со луѓето ќе имаат голема улога во вашиот успех оваа година. Повозрасна личност ќе ви биде од голема помош при постигнувањето на вашите цели.

2016 година исто така ќе ви донесе многу можности за заработка, породени од вашата интелигенција и упорност. Доколку сте имале скриена желба да започнете сопствен бизнис, сега таа желба ќе ви стане реалност. Сепак, потребно е да се држите настрана од лица кои во минатото ве излажале или измамиле.

Тигар

Кинески хороскоп

Можеби на прв поглед ќе ви се чини дека пред вас е година каква што посакувате – активна, брза и непредвидлива, но имајте на ум дека таа истовремено ќе биде полна со пречки и предизвици. Вие сте личност со силно изразен натпреварувачки дух, но ќе се судрите со силна конкуренција.

Добрата вест е што ќе учите од грешките направени во минатото и ќе ги искористите извлечените лекции за да станете подобра личност. Тоа ќе се одрази многу позитивно на вашиот љубовен живот, особено доколку сте во врска.

Многу е важно да не обвинувате без докази и да не носите заклучоци според она што сте го слушнале. Можно е конфронтација со некоја личност да прерасне во судски спор или долготрајно несогласување.

Љубов

2016 година често ќе прави да се чувствувате како да сте на седмо небо, но и ќе ве турка кон компромиси.

Ако сте во врска, можно е да се појават некои недоразбирања меѓу вас и партнерот, но лесно ќе ги надминете доколку научите да реагирате смирено и да не налевате масло во огнот за време на расправија. Некои тигри ќе пронајдат одличен љубовен советник во постара личност.

Во потрага сте по партнер? Кинескиот хороскоп ви советува да трагате по личности кои ја делат истата сласт кон животот како вас. Голема е веројатноста љубовта да ја пронајдете во вашиот друштвен круг. Барајте блиску до вас. Најдобри партнери за вас оваа година се родените во знаците Мајмун и Куче.

Кариера

Годината на Мајмунот ќе ви донесе многу пречки на професионален план, но ќе успеете да ги совладате со помош на вистинските луѓе. Здружете ги вашите сили со партнер или соработник кој ќе ги надополнува вашите слаби страни. Време е за тимска работа.

Тигарот треба да го надмудри Мајмунот за да има добра година. Искористете ја вашата интелигенција и не се плашете да размислувате нестандардно.

Доколку ви биде понудена нова позиција на работното место во Годината на Мајмунот, не ја прифаќајте. Промените не се погодни за вас, зашто тешко ќе се адаптирате на нив. Придржувањето кон рутинскиот начин на функционирање ќе ви помогне да избегнете многу главоболки. Не инвестирајте во ризични зделки.

Зајак

Кинески хороскоп

Ви претстои успешна и просперитетна година, која ќе биде продолжение на претходната кога е среќата во прашање. Изненадувањата ќе никнуваат на секој чекор за вас, па нема да можете да се пожалите дека ви недостига возбуда.

Успешно ќе пронаоѓате решенија за личните проблеми, но можно е да се појават фрустрации кај вас поради недостигот на иницијатива кај луѓето за решавање на глобалните проблеми. Мајмунот е животно кое не презема смели чекори за „чистење“ на хаосот во светот зашто не сака премногу да се експонира. Тие сакаат да ги решаваат проблемите од зад сцената, па оваа година потребно е да научите да го преземате кормилото и да зборувате гласно за проблемите.

Вашето присуство ќе делува магично на расположението на луѓето околу вас, па очекувајте пријателствата да цутат, семејните односи да се подобруваат, а љубовните да достигнат ново ниво.

Љубов

Ви претстои прекрасна година на љубовен план во која никогаш нема да бидете сами, а и како би можеле да сте осамени кога сте родени во еден од најпосакуваните знаци во кинескиот зодијак. Доколку трагате по личност со која ќе го поминете остатокот од вашиот живот, во следните 12 месеци ќе можете да се пофалите дека сте ја пронашле.

Многу сингл претставници на овој знак ќе го променат својот љубовен статус. Не се плашете да преземате смели чекори за да го освоите срцето на личноста која ви се допаѓа. Имајте на ум дека најдобрите партнери за вас оваа година се родените во знаците Свиња, Змеј, Вол и Мајмун.

Веќе имате партнер? Ова е одлична година за да ја однесете врската на следното ниво, независно дали тоа значи склучување брак или планирање бременост. Силната емпатија кон луѓето и мирољубивоста ќе ви ја направат оваа година смирена и стабилна. По секоја цена ќе ги избегнувате кавгите и расправиите.

Кариера

Среќата е на ваша страна кога се работи за вашата кариера, па искористете ја максимално.

Не пропуштајте ниту една професионална можност во Годината на Мајмунот. Доколку ви биде понудена работа, нова работна позиција или можност за дополнителна заработка, прифатете ја без двоумење. Шефовите ќе им бидат наклонети на вработените родени во овој знак, па голема е веројатноста за унапредување или бонуси.

Сепак, можно е да се разочарате од ваш сојузник или пријател кој нема да си стои на договореното или ќе се обиде да ве измами.

Змеј

Кинески хороскоп

Годината на Мајмунот ќе ви донесе море од позитивни промени во секоја сфера од животот, затоа што нема да се плашите од новитети и експериментирање. Самодовербата и шармот ќе ви станат најсилни оружја, благодарение на кои ќе ги достигнувате и највисоките цели.

Врските со луѓето ќе започнат да се подобруваат, а хармонијата ќе ви годи, па често ќе се чувствувате непобедливо и како да можете да постигнете сè. Доколку во Годината на Козата сте се разделиле или оддалечиле од сакана личност, сега позитивната комуникацијата повторно ќе зацарува во вашите односи.

Доколку сакате да ги инспирирате луѓето и да поттикнете промени кај нив, водете преку пример, а не преку збор. Многу очи ќе бидат свртени кон вас и на моменти ќе ви се чини дека луѓето ве копираат и нема да бидете далеку од вистината. Многу е важно да ги избегнувате негативците оваа година.

Љубов

Љубовта ќе го исполни вашиот живот во Годината на Мајмунот и ќе ве научи дека не мора да бидете секогаш во право за да бидете сакани и почитувани.

Ако сте сингл, не ги одбивајте друштвените настани и излегувањата на гласни места, бидејќи токму на такво место ќе ја пронајдете вашата сродна душа. Најголема веројатноста тоа да се случи е во периодот од април до септември. Врските формирани во тој период имаат одлични шанси да се претворат во долготрајни љубовни партнерства. Во 2016 година потребно е да учите од минатите грешки за да не ги повторите повторно. Најдобри партнери ќе пронајдете во родените во знаците Стаорец, Мајмун и Петел.

Вистинска љубовна идила ќе настапи во веќе постоечките врски и бракови. Подгответе се за компромиси и одолејте ѝ на потребата секогаш да доминирате.

Кариера

Годината на Мајмунот ќе ве стави во центарот на вниманието на работното место и веројатно ќе ве направи омилената личност таму. Идеите ќе ви бидат слушнати, а голем дел од нив и реализирани. Сепак, потребно е да научите да ја контролирате вашата нервоза кога нештата не се движат во посакуваниот правец. Избегнувајте ги кавгите колку што е можно повеќе.

Доколку сте во потрага по работа, не се фокусирајте само на една конкретна позиција, туку раширете го вашиот поглед. Можно е да пронајдете работа каде најмалку очекувате. Не се плашете да го промените работното место во Годината на Мајмунот.

Некои претставници на овој знак кои не сакаат да бидат затворени во канцеларија или да бидат врзани на едно место, ќе прифатат проект кој вклучува патување или честа промена на местото на живеење.

Змија

Кинески хороскоп

Напредок, успех и нови пријатели ќе ви донесе Годината на Мајмунот. Одеднаш луѓето ќе започнат да се согласуваат со вас и да ве почитуваат. Смирената надворешност која постојано ќе ја имате вешто ќе ги прикрива вашите чувства, па тешко некој ќе може да види што се случува во вас.

Одлично ќе комуницирате со секого, па ова е прекрасна година за оние кои имаат работна позиција поврзана со продажба или маркетинг. Не се плашете да ги споделувате вашите идеи. Мајмунот ќе ви даде инспирација и креативност за да ги смислувате најбрилијантните предлози и решенија.

На љубовен план, следете ја вашата интуиција. Ви претстои страсна година.

Љубов

Насмевнете се. Годината на Мајмунот ќе ве направи можеби најсреќниот знак кога е љубовта во прашање. Животот ќе ви се обои во розова боја, па независно дали сте сингл или во врска, ќе уживате во него. Истакнете ја максимално вашата флертувачка страна, која никогаш не е незабележана.

Физичкиот изглед нема да ви биде пресуден кога трагате по партнер за врска. Најважно ќе ви биде тој да биде ваша сродна душа. За разлика од тоа, исклучително важен ќе ви биде вашиот изглед. Ќе се трудите да бидете максимално средени затоа што очите на околните постојано ќе гледаат во вас. Не претерувајте со самокритикување. Најдобри партнери ќе пронајдете во родените во знаците Вол, Мајмун и Петел.

Доколку сте во врска, можно е да се појават недоразбирања меѓу вас и партнерот поради вашата преокупираност со кариерата. Наоѓајте си време за состаноци и квалитетни разговори и бидете чесни. За претставниците на овој знак голема е веројатноста за забременување.

Кариера

Можеби на почетокот од Годината на Мајмунот ќе ви се чини дека ништо не ви оди од рака, но само почекајте. Набрзо ќе се уверите во спротивното. Ова е година во која среќата ќе биде на ваша страна. Не оставајте ништо на случајноста и бидете максимално организирани и фокусирани. Што е најважно, ставете се себеси на прво место.

Доколку сте во потрага по работа, не се расејувајте испраќајќи CV на секој можен оглас, туку концентрирајте се на најдобрите шанси и гледајте да го понудите најдоброто од вас.

Иако одлично ќе заработувате оваа година, морате да внимавате на вашите финансии и да не трошите непотребно. Стојте подалеку од искушенија и не ни помислувајте на коцкање.

Коњ

Кинески хороскоп

Семејна хармонија, цврсти како камен пријателства и добра среќа на професионален план ќе ви донесе Годината на Мајмунот. Ќе уживате во друштвените настани и ќе комуницирате со сите луѓе еднакво, зашто воопшто нема да правите поделби меѓу нив. Поради тоа ќе формирате и многу трајни пријателства. Сепак, најубавите моменти ќе сакате да ги славите во кругот на семејството.

Во Годината на Мајмунот морате да работите напорно за да успеете, иако инвентивноста дополнително ќе ви помага. Доколку ви биде понуден нечесен пат кон успехот, кажете „не“.

2016 година ќе ве научи да правите компромиси и да го делите со другите она што го имате. Себичноста не е пожелна.

Љубов

2016 година ќе ви ја донесе наклонетоста, вниманието и почитта на спротивниот пол и ќе направи да се чувствувате прекрасно. Иако кариерата ќе ви го намали времето за романса, вие максимално ќе ги користите часовите кои ви стојат на располагање.

Ако трагате по стабилен партнер, среќата ќе биде на ваша страна, но сè додека сте внимателни. Годината на Мајмунот ќе ве направи импулсивни, па можно е често да ја избирате страста пред разумот. Размислете двапати пред да му дадете шанса на некој кој малку го познавате. Најдобри партнери ќе пронајдете во родените во знаците Куче, Свиња, Коза, Зајак и Вол.

Во врска сте? Зачестете ги разговорите со партнерот и барајте го неговото мислење кога носите посериозни одлуки. Сè додека сте чесен и лојален партнер, врската ќе ви се подобрува.

Кариера

Ќе се заљубите во вашата работа во текот на Годината на Мајмунот, затоа што покрај обврските, ќе наоѓате начини и да се забавувате. 2016 година ќе ви биде продолжение на успехот од претходната година, кога им се смеевте на предизвиците в лице, а потоа наоѓавте начини за да ги совладате. Можно е да ви се зголемат работните обврски за сметка на намалувањето на слободното време, но тоа е добар знак дека кариерата ви се движи по нагорна линија.

Огнот се поврзува со интелигенција, што значи дека оваа година треба да работите мудро и да го користите максимално вашиот ум за да добиете поголема моќ. Таквите личности ќе стигнат до врвот на организацијата или фирмата во којашто работат или ќе се збогатат. Не се плашете да ги следите вашите соништа.

Парите воопшто нема да ви претставуваат проблем оваа година.

Коза

Кинески хороскоп

Оптимизмот ќе ве понесе во Годината на Мајмунот, ќе ви ги намали грижите и ќе ве убеди дека за вас не постојат невозможни мисии. Нови пријатели ќе ви го разубават животот, а некои од нив ќе кријат потенцијал да станат и следната ваша љубов. Ова е година на промени за вас, но вие успешно ќе се адаптирате на нив.

Ќе се трудите да си го подобрите животот и да се осигурите дека иднината ќе ви биде светла. Благодарение на вашата напорна работа, ќе се радувате на брилијантни постигнувања во речиси сите сфери од животот. Постојано ќе ја имате поддршката од семејството, а тоа ќе ве мотивира уште повеќе.

Многу е важно да внимавате на вашето здравје, зашто растрчаноста и огромната конкуренција на работа ќе ви создаваат стрес. Грижете се за себе.

Љубов

Шармот ќе ви го достигне максимумот во текот на 12-те месеци кои претстојат и тој ќе биде „виновникот“ што вашата врска ќе заплива во нови, помирни води. Слатките и нежни разговори со саканиот ќе создадат вистинска љубовна идила за вас. Внимателно избирајте ги вашите зборови и почитувајте го мислењето на партнерот доколку се појави недоразбирање меѓу вас. И покрај сè, Годината на Мајмунот не е поволна за склучување брак за родените во знакот Коза, но е одлична за проширување на семејството за оние кои се веќе во брак.

Внимавајте, во месеците меѓу мај и октомври, можно е поранешен партнер да ви го наруши мирот во врската.

Мајмунот ќе ви помогне да ја надминете вашата срамежливост оваа година, па често ќе застанувате под рефлекторите на друштвените собори. Способноста да ги избирате вистинските зборови во секоја ситуација ќе ви ја донесе наклонетоста на прекрасна личност. Најдобри партнери ќе пронајдете во родените во знаците Свиња и Змеј.

Кариера

Во текот на 2016 година Мајмунот ќе ви помогне да исфрлите едни од најлошите ваши навики, склоност кон оддолжување, неорганизираност и неодлучност, и ќе ви даде нова доза на самоувереност и цврстина. Ќе излезете од својата школка и ќе започнете да преземате одговорност за реализирање на големи проекти, па успехот е гарантиран. Слободно наречете се среќници.

Претставниците на овој знак треба да бидат флексибилни и брзо да се адаптираат на промените во нивната професионална сфера. Врските со луѓето се многу важни доколку сакате да заработите многу пари оваа година.

Мајмун

Кинески хороскоп

Добредојдовте во вашата година. Годината на Козата беше вовед во „убавата страна на животот“ за вас, а оваа година ќе дојде таа „убава страна“. Ќе блеснете посјајно од ѕвезда и ќе го покажете максимално вашиот потенцијал. Сонувајте, фантазирајте и исполнувајте, но без да претерувате со планирање. Запрашајте се себеси каде сакате да стигнете во иднина и тргнете натаму.

Центарот на вниманието е ваш, танцувајте во него како да нема утре. Покажете зошто сте најдобри. Совет: Не дозволувајте преголемата слава да ви го одвлекува вниманието од нештата кои се навистина важни во животот.

Очекувајте растење на друштвениот круг и силна поддршка од семејството.

Љубов

Создавање нови љубовни сојузи и зацврстување на веќе создадените предвидува кинескиот хороскоп за вас. Иако страста е составен дел од вашиот живот, во годината управувана од вашето животно владетел, таа ќе го достигне максимумот. Никој нема да може да ви одолее зашто Огнот ќе го разгори вашиот шарм максимално.

Ако сте сингл, ќе ја пронајдете вашата сродна душа за време на друштвен настан. Најверојатно вашата врска ќе започне прво како пријателство, а подоцна ќе премине во нешто повеќе, затоа што вие сте личност која мора прво да се увери дека една личност е специјална, за да започне врска со неа.

Во врска сте? Годината на Мајмунот ќе ви ја разгори искрата и често ќе ве поттикнува да си приредувате романтични средби со саканиот. Авантурите и возбудливите искуства дополнително ќе ви ја подобруваат врската. Средината од годината е идеална за склучување брак за родените во овој знак.

Кариера

Победа! Започнува година исполнета со успеси и постигнувања, бидејќи максимално ќе можете да ги покажете вашите таленти. Вашата вродена способност за решавање проблеми ќе ве направи важен играч на работното место. И покрај тоа што ќе можете да го преземете лидерското место, нема да се обидете ниту еднаш, зашто не сте личност која копнее по моќ.

Негувајте пријателски однос со колегите за да ја освоите нивната наклонетост. Тимската работа ќе ви донесе голем успех, особено од септември па сè до следната година.

Финансиите воопшто нема да ви бидат проблем во Годината на Мајмунот. Ќе имате многу можности за дополнителна заработувачка, а некои претставници на овој знак дури ќе заработат лесни пари од игри на среќа.

Петел

Кинески хороскоп

Мајмунот и петелот се животни со потполно различни карактери и не се согласуваат баш најдобро. Годината на Мајмунот ќе биде трнлива за вас и често ќе бидете принудувани да работите со побрзо темпо од она на кое сте свикнале.

Ќе забележите дека честопати се чувствувате несигурно и обесхрабрено, но луѓето кои ги сакате ќе ви ја враќаат самодовербата и ќе ви помагаат полесно да ја преживеете годината. Организирајте го нашиот живот, планирајте го секој ваш чекор и работете напорно.

Односите со членовите од семејството значително ќе ви се подобрат. Внимавајте на вашите постапки, зашто помладите ќе учат од вас.

Љубов

Подгответе се за новитети на љубовен план. Мајмунот ќе ве предизвика да излегувате од вашата сигурна зона и да експериментирате за да ја одржите искрата во врската. Сепак, можно е да забележите дека партнерот се обидува да носи некои одлуки без да се консултира со вас и да доминира во врската. Тоа може да ви создава фрустрации, па дури и да ја загрози хармонијата во вашата врска.

Трета личност ќе се појави во љубовните сојузи на многу претставници на овој знак. Доколку не одлучите да се борите за она што ви припаѓа, можно е да се соочите со разделба со партнерот. Одделувајте си време за квалитетни состаноци. Поважно е да имате една специјална вечер во која целосно ќе бидете посветени еден на друг одошто милион обични заеднички вечери.

Ќе освојувате срца многу полесно одошто си мислите во Годината на Мајмунот ако сте сингл. Море од нови личности ќе го преплави вашиот живот, па ќе можете да бидете пребирливи кого ќе задржите покрај себе. За некои од вас љубовта и работата ќе се спојат во текот на септември и октомври.

Кариера

Годината на Мајмунот ќе ве поттикне да се преиспитате себеси дали ви се допаѓа работата којашто ја работите. Ако вашиот одговор е не, подгответе се за промени.

Можеби не забележувате, но сте најголемиот непријател на вашата продуктивност. Поради склоноста да навлегувате во детали и да ситничарите, губите скапоцено време. Морате да се научите да гледате малку поповршно на работите и побрзо да се адаптирате на промените. Во спротивно, ќе наидете на една тешка година.

Запомнете дека „кој рано рани, две среќи граби“. Реагирајте брзо на можностите.

Куче

Кинески хороскоп

Годината на Козата ве научи дека не треба да потклекнувате пред пречките и предизвиците, а во Годината на Мајмунот тоа многу ќе ви помогне. Ви претстои комплексна и тешка година, но благодарение на вашата упорност и истрајност, ќе успеете да напредувате во кариерата. Трпеливоста е задолжителна, особено на професионален план.

Сонцето ќе го угрее вашиот дом во 12-те месеци кои претстојат. Вие сте личност која секогаш го става семејството на прво место, па Годината на Мајмунот нема да биде исклучок. Ќе имате за што да славите со најблиските оваа година. Љубовта ќе ви биде возвратена.

Можно е во вашиот живот да влета повозрасна личност која ќе стане ваш ментор и која ќе ве насочува низ животот.

Љубов

Не, нема да биде сè розово во вашиот љубовен живот оваа година, но нема ни да биде црно. Ќе растете заедно со партнерот, учејќи од проблемите. Потребно е да си ја подобрите заемната комуникација, да бидете искрени еден кон друг и да поминувате повеќе квалитетно време заедно. Доколку планирате бременост, јуни е идеален месец за тоа.

Не сте во врска? Ви претстојат интересни љубовни состаноци на места на кои не сте очекувале дека ќе одите, но пронаоѓањето на вистинскиот партнер нема да биде лесно. Дружењата со многу луѓе ќе зачестат во втората половина од годината, па можно е тогаш да сретнете личност на која ќе ѝ го подарите срцето. Најдобри партнери ќе пронајдете во родените во знаците Стаорец и Куче.

Кариера

Родените во знакот Куче ќе наидат на многу пречки и предизвици во Годината на Мајмунот. Потребно е да ги избегнувате ризичните инвестиции и да се придржувате кон рутинските начини на функционирање. Гризнете ги усните ако ви доаѓа да вреснете од проблемите и не се откажувајте. Упорноста ќе даде резултат.

Односите со колегите и соработниците ќе ви бидат одлични. Некои од вас ќе пронајдат креативен партнер кој ќе им помага полесно да ги надминуваат тешките периоди.

Не ги прифаќајте дополнителните ангажмани и обврски. Можно е да си наштетите себеси и да ги нарушите односите со блиските доколку одлучите да го жртвувате слободното време за дополнителна заработка. Кажете „не“ на љубезен начин за да ги оставите опциите отворени за во иднина.

Свиња

Кинески хороскоп

Годината на Мајмунот не е возможно да не донесе убави нешта во животот на интелигентна, весела личност со големо срце, каква што сте вие. Сигурно веќе чувствувате дека сè е возможно, и тоа е навистина така. Успех ви претстои во секоја сфера од животот, сè додека се држите подалеку од лицата кои сакаат да ви наштетат.

Мајмунот е животно кое знае да манипулира за да го добие она што го сака, а Свињата е наивно животно, па поради тоа луѓето ќе сметаат дека можат лесно да манипулираат со вас оваа година. За среќа, брзо ќе ги намирисувате лицата со нечесни намери и ќе ги држите далеку од себе. Годината на Мајмунот ќе ве научи дека луѓето не се секогаш добри, а таа лекција ќе ви биде скапоцена.

Чувствата, посветеноста кон саканите и желбите ќе ви бидат посилни отсекогаш. Не се плашете да го покажете тоа.

Љубов

Под влијание на силните пламени јазици на огнот, вашиот љубовен живот нема шанси да биде здодевен оваа година. Среќната љубовна приказна од минатата година ќе продолжи и во Годината на Мајмунот, а сè околу вас ќе се обои во бојата на љубовта. Одеднаш животот за вас ќе биде прекрасен и ќе ја цените секоја секунда од него.

Ако сте сингл, ќе пронајдете прекрасна личност која ќе ве освои со џентлменските манири. Не се обидувајте да скриете дека сте заљубени, затоа што и самите знаете дека не сте личност која умее да ги крие своите чувства. Годината на Мајмунот ви советува да присуствувате на што повеќе друштвени настани. Ќе забележите дека многу повеќе лица се заинтересирани за вас. Најдобри партнери ќе пронајдете во родените во знаците Змеј, Змија, Вол, Коњ и Куче.

Ќе умеете да го шармирате вашиот партнер доколку сте во врска и постојано ќе наоѓате нови начини за да си го направите љубовниот живот интересен. Ова е одлична година за планирање бременост.

Кариера

Јасни цели, енергија и прекрасни односи со колегите ќе ви ја одбележат годината која доаѓа. Сè што ќе допрете, ќе се претвора во злато, па ова е одлично време за започнување на нов бизнис или проект за кој сонувате долго време. Среќата ќе биде на ваша страна.

Многу е важно постојано да го зголемувате вашето знаење и да не ја потиснувате вашата љубопитност. Колку повеќе информации имате, толку подобро.

Избегнувајте ги конфликтите со поавторитетни фигури.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.